Апликации за фитнес и уреди за следење на вашето здравје

Научете како да го користите пакетот за здравје или самостојната апликација за здравје на паметниот телефон за да создадете профил на здравје и откријте ресурси за да ви помогнат да се мотивирате или информирате за здраво живеење.

Вашиот паметен телефон вклучува апликација што нуди пакет функции поврзани со здравјето. Некои од примерите на пакет за здравје ги вклучуваат:

  • Google Fit за телефон со Android и за iPhone
  • Apple Health само за iPhone
  • Samsung Health за телефони Samsung.

Можете да изберете да користите една од апликациите од пакетот за здравје или да преземете самостојна апликација за здравје од продавницата за апликации за вашиот телефон. На пример:

  • Strava е апликација за трчање и пешачење
  • Down Dog нуди апликации за јога, медитација и тренинзи.
Апликации за фитнес
Самостојните апликации вообичаено се бесплатни за да почнете, но повеќето имаат месечна или годишна претплата за да пристапите до напредните одлики.

Како да создадете профил за здравје

Кога поставувате апликација за здравје, создавате профил. Тоа може да биде:

  • вашата сметка на телефонот, како на пример Google Account или Apple ID
  • нова и одделна сметка само за таа апликација. Оваа сметка овозможува апликацијата да ги помне вашите здравствени податоци и да ги следи со текот на времето.

Сѐ за апликациите во пакетите за здравје

Апликациите за здравје за паметни телефони и паметни часовници се дизајнирани автоматски да детектираат кога вежбате. Ова може да вклучува:

  • пешачење
  • трчање
  • велосипедизам
  • пливање
  • спиење

Апликацијата користи податоци од сензори на вашиот паметен телефон или паметен часовник за да:

  • се обиде да погоди која активност ја вршите во моментот
  • го мери срцевиот ритам (на некои телефони, сите паметни часовници)
  • ги брои чекорите и активноста
  • ве потсетува да се движите за да ги постигнете дневните цели.
Апликациите за здравје собираат чувствителни податоци и постојано ја следат вашата локација, па затоа, важно е да ја прочитате нивната изјава за приватност за да разберете кои податоци се внесуваат, колку од нив се јавни и колку ваши апликации можат да добијат пристап до нив.

Сѐ за паметните часовници

Паметниот часовник (smartwatch) или часовникот за фитнес (fitness watch) всушност е мал компјутер што има облик на традиционален рачен часовник. Одликите може да вклучуваат:

  • ГПС (GPS) за следење на локација
  • акцелерометар (Accelerometer) за брзина и друго движење
  • врска 4G (4G connection) за податоци без вашиот телефон
  • детекција на пад (Fall detection) и автоматско повикување на служби за итна помош
  • монитор на срцев ритам
  • сензор за ниво на кислород во крвта
  • барометар (Barometer) за висина.

Паметниот часовник треба да биде поврзан со паметниот телефон за да ги користи сите негови услуги:

  • безжичната функција Bluetooth на вашиот телефон до одржува телефонот поврзан
  • паметниот часовник исто така ја користи домашната Wi-Fi мрежа (home Wi-Fi) за да пристапи и да споделува податоци со облакот
  • некои паметни часовници имаат врска со мобилни податоци 4G (4G mobile data) за пристап до интернет додека сте надвор од домот
  • паметниот часовник со 4G треба да има СИМ-картичка (SIM) или сопствен пакет мобилни податоци, или пакет што се споделува со пакетот за мобилни податоци на мобилниот телефон.

Паметниот часовник вклучува екран на допир, којшто освен време, може исто така да прикажува информации од апликацијата за здравје, мапа, срцев ритам и многу друго.

Алтернативни решенија за паметен часовник

Други помошни програми за здравје вклучуваат педометри коишто бројат чекори, и програми за следење на фитнес коишто се како малечки паметни часовници со помалку одлики. Двата вида програми се поевтини од паметен часовник, но имаат помалку одлики и некои не можат да се поврзат на телефонот за практично внесување на вашата активност.

Како да го разберете вашиот здравствен профил

Кога користите пакет апликации за здравје како што е Google Fit, ќе создадете здравствен профил:

  • поставете го профилот користејќи ја сметката Google и лозинката којашто ги чува вашите здравствени податоци безбедни
  • гледајте дневни и неделни цели за вежбање на главниот екран на Google Fit
  • поврзете се со паметниот часовник или друг уред за здравје
  • разгледајте некои позитивни совети и предлози за здравје и фитнес
  • внесете лични информации како што се височина, тежина и возраст, за да добиете персонализирани резултати и препораки
  • препораките за здравје на Google Fit се засноваат врз оние што ги дава Светската здравствена организација (World Health Organisation (WHO))
  • допрете на различните панели во апликацијата за да разгледате повеќе опции.
Советот во една апликација за здравје е општ и се заснова врз статистички „просечно“ лице. Секогаш претпочитајте го советот на лекар, наместо оној на апликацијата.

Други апликации и ресурси за фитнес

Постојат други апликации и ресурси што можете да ги користите заедно или наместо пакетот апликации за здравје. Можете да најдете апликации во продавницата за апликации за вашиот телефон и тие вообичаено се фокусираат на една активност. Примерите вклучуваат:

  • Down Dog за јога
  • Strava за трчање и велосипедизам
  • Map My Walk за пешачење.

Други нешта што треба да ги имате на ум за апликациите за здравје:

  • некои имаат верзија за паметен ТВ, за да можете да го користите големиот екран за рутини и тренинзи со насоки
  • можете да ги синхронизирате податоците од некои апликации со вашиот главен пакет апликации за здравје и со профилот
  • ако не сакате профил, некои апликации ви овозможуваат да ги користите без обврска и без да евидентираат податоци
  • голем број податоци имаат услуга за претплата која што чини 10−15$ месечно
  • може да добиете краток пробен период или апликацијата може да има бесплатна верзија со помалку одлики
  • поткастите исто така се одличен ресурс, бидејќи можете да вежбате додека слушате
  • најдете поткасти со пребарување на интернет или во вашата апликација за поткасти.